Шок! Доаѓа потоп од Антарктикот: Голем глечер кој се топи со огромна брзина ги шокирал научниците

Точка

22/03/2018

20:21

5.264

Големина на фонт

а а а

Големиот глечер Тотен на Антарктикот, кој внимателно го следни научната заедница, се топи многу побрзо од тоа што досега се мислело, што ќе има драматично влијание на кревањето на нивото на морето.

Глечерот Тотен е еден од најбрзите глечери на Антарктикот, а научниците сакаат да гледаат како се топи со оглед на големата количина на вода која би можел да ја ослободи. 

Користејќи вештачки создадени сеизмички бранови кои им помагаат на научниците да гледаат низ дебелината на глечерскиот мраз, истражувачите откриле дека во океанот плови многу поголемо парче од Тотен од тоа што претходно се мислело.

"На некои локации за кои мислевме дека не пловат, односно дека се прицврстени за земјиштето, откривме океан под глечерот, што укажува на тоа дека глечерот всушност плови цел", рекол Пол Вајнбери од Универзитетот во Вашингтон, пишува "Daily Mail".

"Тоа исто така значи дека Тотен би можел да биде многу почувствителен на климатските промени во иднина", рекол Вајнбери.

Според податоците на НАСА, меѓу 2002. и 2016. година глечерот губел 125 гигатони мраз годишно поради што нивото на морињата ширум светот се кренало за 0,35 милиметри.

Во неодамнешното истражување е откриено дека најголемиот глечер на источниот Антарктикот се топи од горе бидејќи ветерот на мразот носи топла вода од океанот, а тој ветер ќе биде посилен со развојот на климатските промени. Истражувањето го направиле научници од универзитетот Остин во Тексас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг