Не оди на шопинг без милијарда долари: Мухамед бин Салман објаснил како изгледа еден негов просечен шопинг

Точка

22/03/2018

19:09

9.089

Големина на фонт

а а а

Во ТВ емисијата "60 минути", која се прикажува на каналот "CBS", саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман одговорил на низа прашања за тоа како гледа на улогата на исламот, на женските права, на затворањето на неколку саудиски принцови и за своето богатство.

Рекол дека е свесен дека во Саудиска Арабија е доминантна ултраконзервативната интерпретација на исламот, која на дистанца го држи немуслиманското население, ги ограничува основните човекови права на жените, им го ограничува социјалниот живот забранувајќи им да одат во кино, на театар, како и да слушаат музика. 

"Бевме жртви, посебно мојата генерација која поради тоа патеше најмногу", рекол тој за силниот бран на конзерватизам кој ја зафатил земјата во 1979. година. Во јуни минатата година тој прв пат им дозволил на жените да возат автомобили и силно се заложил за проширување на содржината на забавниот живот.

На прашањето дали жените се рамноправни со мажите, принцот Мухамед одговорил: "Апсолутно. Сите сме човечки суштества и тука нема никакви разлики".

Со неговото доаѓање на власт престанал да важи строгиот правилник за ограничување на изборот на облека на жените, зголемен е нивниот удел во работната сила, а рекол и дека владата работи на регулирање на изедначувањето на платите меѓу мажите и жените. Сепак, жените во Саудиска Арабија се подложени на закон за старателство кој на машките членови на семејството им дава право да ги контролираат сите аспекти од нивните животи, како што е давање на дозвола да патуваат во странство или да се подложат на одредени медицински зафати.

Принцот Мухамед исто така ја бранел и својата одлука за затворање на повеќе од 380 саудиски принцови, бизнисмени и поранешни министри, кои ги чувал во куќен притвор во еден хотел.

"Тоа што го правиме во Саудиска Арабија е екстремно важно и потребно. Се што направивме беше во склад со важечките закони", рекол за апсењето.

Роднините и пријателите на затворениците тврдат дека принцовите, високорангираните поранешни членови на владата и бизнисмените биле психички и физички злоставувани за да ги прифатат владините барања. Еден од нив и починал, а на телото биле видливи трагови од злоставување, што владата на Саудиска Арабија демантирала.

Критичарите му замеруваат дека енормно ги троши своите пари додека истовремено проповеда фискална одговорност, а на граѓаните им наметнал и нови даноци. Во последните неколку години, принцот Мухамед купил суперјахта од 500.000.000 долари, француски дворец за повеќе од 300.000.000 долари и уметничка фотографија од 450.000.000 долари.

"Кога станува збор за моите приватни трошоци - да, јас сум богат. Не сум сиромашен. Не сум ни Махатма Ганди, ни Нелсон Мандела".

Мухамед е наследник на кралската круна и ќе стане крал кога ќе умре неговиот татко, кралот Салман. Теоретски, Мухамед би можел да владее со Саудиска Арабија и наредните 50 години.

"Ако се оди како што треба, тоа и се очекува", рекол принцот, пренесува "New York Times".




Спонзорирани линкови

Маркетинг