Русите шокирани од тоа што го пронашле во Сирија: Тие подготвувале вистински масакр!

Точка

22/03/2018

16:20

9.726

Големина на фонт

а а а

Русите открија дека милитантите во Сирија кои што се борат против сириската армија зад себе оставиле повеќе од 40 тони хемиско оружје.

Руското министерство за одбрана објави извештај во кој што е наведено дека на териториите кои што неодамна беа ослободени од милитантите во Сирија, биле пронајдени повеќе од 40 тони хемиско оружје, односно веројатно во догледно време тие се подготвувале да извршат вистински масакр.

Игор Кирилов, командант на руските нуклеарни и биохемиски одбранбени сили, порача дека оваа информација е дел од опсежниот извештај на сириското министерство за надворешни работи.


Тој оваа информација ја изнесе за време на денешната прес конференција одржана во Москва во врска со прашањето на големиот инцидент поврзан со случајот со Скрипал кој ги заостри односите помеѓу Русија и Велика Британија.

Кирилов истакна дека Западот одбил да соработува со властите од Дамаск, иако до сега било очигледно дека милитантите располагаат со голема количина на забрането хемиско оружје.


Станува збор за хемиско оружје за кое што властите од Дамаск и Москва во неколку наврати предупредија дека е во посед на милитантите кои се подготвуваат да го употребат врз цивилното население. Со толку голема количина на хемиско оружје, милитантите веројатно се подготвувале да извршат вистински масакр и да убијат стотици, а можеби и илјадници цивили.

Понатаму, Кирлов сето тоа го поврза со актуелниот случај за Скрипал, нагласувајќи дека Западот нема да се откаже и дека е подготвен да направи се за да се дискредитира Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг