Автомобилите на Шкода се хит на пазарот: Чесите мора да изградат нова фабрика!

Точка

22/03/2018

15:50

11.876

Големина на фонт

а а а

Чешкиот автомобилски гигант Шкода кој што е во сопственост на германски Фолксваген, во 2017-та година продаде 1,2 милиони автомобили.

Само во текот на последните пет години, Шкода ја зголеми продажбата на своите автомобили за повеќе од 30 проценти, односно само во текот на минатата година, Чесите продале импресивни 1,2 милиони автомобили ширум светот.

Според аналитичарите, Шкода бележи огромен раст на продажбата и популарноста на самиот бренд благодарност на Фолксваген расте, па се очекуваат во следните години испораките да бидат дури и двојно зголемени.


Поради ова, Фолксваген групацијата дала зелено светло за изградба на нова фабрика за производство на автомобилите на Шкода со цел да се задоволат барањата на пазарот.

Чешката фабрика сместена во Млада Болеслав произведува половина милион автомобили на годишно ниво, но синдикатите се против проширување на фабриката затоа што не сакаат вработените да работат и во саботите. Поради тоа, речиси е неизбежно отворањето на нова фабрика.


Минатата година Шкода на купувачите им понуди два SUV модели - Kodiaq и Karoq, а тоа веднаш се одрази и на побрувачката, односно зголемувањето на продажбата. Чесите моментално своите автомобили ги продаваат во повеќе од 100 земји ширум светот, а желбата им е до 2025-та година да бидат присутни во 125 држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг