Mercedes-AMG GT R: Најмоќното безбедносно возило на кое и Ф1 возачите ќе му гледаат во „грб“

Точка

21/03/2018

21:40

9.407

Големина на фонт

а а а

Моќниот Mercedes-AMG GT R со своите 585 коњски сили ќе се грижи да воведе ред на Ф1 патеките пред брзите Формула 1 болиди.

Ова ќе биде најмоќниот модел на безбедносно возило на Мерцедес во 23-те години колку што германската компанија учествува во Формула 1 со свои безбедносни возила. Mercedes-AMG GT R е тестиран на познатиот „Ринг“, односно патеката во Нирнбургринг која што исто така е позната како „Зелениот пекол“.


Бруталниот 4.0-литарски V8 мотор ќе понуди 585 коњски сили кои што ќе можат да им парираат на брзите Формула 1 болиди. Новото безбедносно возило на Мерцедес мора да биде посебно брзо затоа што познато е дека болидите при безбедносните кругови мора да одржуваат температура, а притоа сето тоа да се одвива при доволно брзо возење.


Покрај тоа, внатрешноста е прилично модифицирана, совозачот ќе има доволно голем екран пред себе на кој што ќе може да ги следи сите информации поврзани со случувањата на патеката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг