Бордел со секс кукли: Француските феминистки згрозени со новиот бизнис

Точка

20/03/2018

22:12

25.634

Големина на фонт

а а а

Новоотворениот бордел во Париз поседува секс кукли, но со самото отворање подигна голема прашина и тензија во градот. Француските феминистки бараат да се затвори борделот, бидејќи како што тврдат, силиконските кукли во природна големина ги присилуваат мажите на фантазија.

Сопственикот Жакин Лускуај (28) го отвори овој бутик минатиот месец во една дискретна зграда блиску до центарот на градот. Се состои од три спални соби, куклите се перат и дезинфицираат во посебна просторија. Посетителите можат да одбираат помеѓу три многу скапи кукли произведени во Кина, Лили, Софиа и Ким. 


Термините се закажуваат по пат на Интернет. Клиентите плаќаат околу 88 евра за еден час да ја имаат куклата за себе, а може да платите и помалку за пократок период. Сопственикот вели дека поголемиот број на посетители се бизнис типови од 30 до 50 години, како и неколку парови. Куклите се високи 145 центиметри, а чинат неколку стотици евра.


Борделот моментално се води како "центар за игри" за да ги изиграат француските закони, бидејќи во земјата е забрането да се поседува бордел.


Со отворањето на овој центар за игри со човечки кукли ги разбесни некои феминистки и членови на Комунистичката партија во Париз. Тие се грижат дека на овој начин, сексуалното искуство односно насилство може да се пренеси и кон реалните жени.


Дури, велат дека овие секс кукли може да евоцираат мисли за секс со деца. Меѓутоа, сосптвеникот не верува дека борделот ги понижува жените, бидејќи куклите се играчки за секс, а не замена за жената. Истовремено својата работа ја рекламира како искуство кое е 100 % вперено кон клиентите. Мажите кои го посетуваат борделот, истакнуваат дека ги исполнуваат своите фантазии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг