Последното шокантно откритие на Хокинг руши сè што знаеме: Пред смртта открил паралелни универзуми!

Точка

20/03/2018

16:48

22.156

Големина на фонт

а а а

Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата, кој починал минатата седмица, во своите последни денови ја завршил теоријата која објаснува дека човештвото може да открие паралелни универзуми.

Неговите колеги откриваат дека завршената академска работа на реномираниот теоретски физичар била да одреди револуционерна математика која е потребна за вселенските бродови да пронајдат траги од неколкукратни паралелни универзуми. 

Станува збор за труд по име "Лесно излегување од вечната инфлација", а моментално е на проверки пред да биде објавен во "едно од најголемите светски научни списанија".

Како што се наведува, овој труд може да биде најважно научно наследство на Хокинг.

Новиот труд се обидува да го реши проблемот кој го опишала теоријата "без граници" на Хокинг од 1983. година.

Според тие пресметки, универзумот веднаш се проширил од мала точка во прототип на она што денес го живееме, што е процес познат како инфлација.

Но, теоријата исто така предвидува бескраен број на големи експлозии, од кои секоја создава свој универзум.

Овој труд, доколку навистина доведе до некои докази, речиси сигурно би донела Нобелова награда на Хокинг. Сепак, оваа награда не се доделува постхумно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг