Трагичен крај на еден вид: Умрел последниот мажјак северен бел носорог! Живи се само уште 2 женки

Точка

20/03/2018

09:43

3.907

Големина на фонт

а а а

Последниот мажјак на светот од видот северен бел носорог умрел по "компликации поврзани со годините", соопштиле инспекторите.

Во соопштението на резерватот од Кенија се наведува дека на 45-годишниот носорог Судан бил подложен на евтаназија во понеделникот, откако неговата состојба "значително се влошила" и дека не можел повеќе да стои. 

Носорогот бил дел од амбициозните напори за спасување на тој подвид од изумирање, заедно со уште две женски.

Пораснал бројот на носорози во индискиот резерват

Малиот резерват во североисточна Индија забележал пораст на бројот на еднороги носорози.

Истражувањето спроведено во неделата во резерватот Побитора покажало дека во него престојуваат 102 носорози, додека при броењето во 2012. година имало 93, рекол шумарот и надзорникот Прадипта Баруах.

"Нашите напори да ги сочуваме носорозите се исплатеа", навел тој.

Резерватот со површина од 38 километри квадратни се наоѓа во близина на Гуахати, престолнината на државата Асам. Во Асам се наоѓа и националниот парк Казиранга, кој е главен "дом" на еднорогите носорози и каде ги има повеќе од 2.000.

Носорозите ги броеле 20 шумари кои низ шумите, полињата и мочуриштата минувале на грбот на седум припитомени слонови.

"Животните во дивината изгледаа безгрижно, лежеа околу грмушките и на пасиштата", рекол шумарот Мукул Тамули.

Во Побитори ловокрадците од 2012. година убиле шест носорози, а 20 умреле од природна смрт.

Сите пет видови носорози се на мета на ловокрадците кои нивните рогови ги продаваат на црниот пазар, најчесто во земјите во кои се верува дека рогот на носорогот за подобрува потенцијата.