Полицаец нападнат со нож

Нетпрес

17/03/2018

14:25

3.231

Големина на фонт

а а а

Полицаец бил нападнат со нож, вчера по тепачка меѓу две групи во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 19.30 часот на игралиштето на местото викано „Јурија“.

Тогаш дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу гостиварците М.Ш.(21) и Ф.Н.(20) од една и скопјаните

С.А.(23) и И.К.(49) од друга страна. Во расправијата, која настанала од засега непознати причини, оштетен бил и автомобил „пежо“ со скопски регистерски таблици.

Очевидци на кавгата се јавиле во полиција, па набргу дошла полициска патрола.

При интервенцијата гостиварецот Ф.Н. замавнал со нож, а потоа оружјето го фрлил кон еден од полициските службеници, кој успеал да се оттргне. Насилниците биле приведени, но полицаецот бил повреден во ногата. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг