Високопротеинска храна: 5 совети како да се храните додека сте во движење

Точка

13/03/2018

12:00

11.921

Големина на фонт

а а а

Позната дилема за сите нас е дека денот минува малку побрзо од што очекуваме, особено кога имаме многу обврски. Ви се чини дека ручекот кој го имавте претходно е веќе далечна меморија и не можете да се сетите кога последен пат јадевте како што треба? Знаете дека брзата храна не е добра за вашето здравје, но исто така се наоѓате во моменти на брзање кога се чини дека истата ви е единствена опција.

Истото се случува и кога патувате. Патиштата и не се најпогодни за да јадете квалитетно и здраво, бидејќи нема каде да си го зготвите вашиот оброк. Исхраната најмногу влијае врз здравјето на нашиот микробиом и затоа е потребно да ги задоволиме потребите за храна дури и кога не сме во можност да консумираме зготвена храна. Исто така, добро познат факт за сите нас е дека за да го одржиме телото и здравјето во добра форма, потребно е да внесеме повисок процент на протеинска храна, додека јаглехидратите и мастите кои ги внесуваме треба да бидат во значително помал процент. 


Пет совети како да се храните додека сте во движење и како да го одржите здравјето на вашиот микробиом:



1. Чувајте си здрави ужинки во вашата чанта, автомобил или работна маса. 


Едно од решенијата е со себе да носите здрави ужинки кои ќе ја задоволат потреба за храна додека сте во движење или на работа. Pro-fit протеинските кранчови и бисквити се совршено решение во овие прилики. Овие кранч штангли може да ги најдете во повеќе вкусови и тоа: кокос, портокал, лимон, чоколадо и карамел. Сигурно се прашувате како може овие слатки штангли да бидат здрави? Pro-fit храната се темели на висок коефициент на протеини (многу протеини, малку масти и многу малку јаглехидрати). Овие штангли можат да заменат оброк и да го заситат чувството на глад во било кој период од денот.

2. Шејкови


Pro-fit шејковите располагаат со многу различни вкусови кои одговараат за секоја прилика. Брзиот и едноставен начин на подготовка на овие протеински шејкови ќе ви го заменат било кој оброк во денот. Се што ви е потребно е да имате шејкер или некое шише при рака и вода за да го растворите шејкот. Смесата ја промешувате со вода и добивате протеински оброк кој ќе ве засити и со кој ќе внесете онолку количество на протеин, колку што би внеле и со приготвената домашна храна.

3. Чипс


Чипсовите на Pro-fit, покрај протеинските барови и шејкови, се исто така едно од наједноставните решенија за јадење во прилики кога не може да јадете зготвена храна. Може да ги носите секаде со себе. Колку и да звучи неверојатно дека чипсот може да биде храна, сепак овој чипс навистина може да замени оброк.

4. Направете план однапред


Доколку знаете дека ќе дојдете во момент кога нема да имате време да јадете, направете калкулација и распоред за храната. Решете дека во периодот во кој нема да ви биде достапна зготвена храна, ќе јадете некои од протеинските производи на Pro-fit. Бидејки асортиманот на производи е голем, можете да си направите различен план за повеќе денови. На тој начин храната нема да ви биде иста и досадна. Секако, препорачливо е во секој момент кога ќе можете, да јадете приготвена храна и додатни суплементи на витамини и минерали.

5. Ослободете се од стресот


Нешто што не е тесно поврзано со храната, но има големо влијание прво врз целосното здравје на вашето тело, а потоа и на здравјето на вашиот стомак. Сите добро знаеме дека стресот најчесто има лошо влијание на нашиот желудник. Поради стресот многупати се појавува болка и непријатно чувство во стомакот кое не секогаш може да се реши со најадување. Исто така, пропорционално може да кажеме и дека чувството на ситост помага во намалување на стресот бидејќи кога сте најадени имате повеќе енергија и концентрација за да ги вршите обврските и да функционирате на поефикасен начин во секој поглед. Pro-fit протеинската храна ќе ви овозможи да бидете најадени во било кој момент, на било кое место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг