Македонскиот модел и фитнес тренер, Александар Грујовски, кој се појави и во видеоспот на Тамара Тодевска, починал на Малта, пишуваат странските медиуми.
Според првичните полициски извештаи, Александар паднал од височина, односно се лизнал од карпа кај заливот додека се шетал со својата девојка.
“На местото на настанот беа повикани полицијата и медицински тим, по што беше констатирана смрт. Телото се наоѓаше на карпите, по што беше пренесено со хеликоптер. Полицијата работи на расчистување на настанот”, пренесуваат медиумите.