Се одржа 90-то издание на филмското шоу "Оскари", "Обликот на водата" прогласен за најдобар филм за 2017 година

Точка

05/03/2018

10:39

6.486

Големина на фонт

а а а

90 - то издание на најголемото и најпрестижното филмско шоу се случи синоќа во Театарот Долби, Лос Анџелес. Светските филмски ѕвезди и легенди повторно се обединија да ја прослават најзначајната ноќ за филмската индустрија, односно филмските награди "Оскари". Домаќин на Мерил Стрип, Гери Олдман, Џенифер Лорес, Френсис Мекдорман, Лупита Нијанго, Кристофер Пламер и многу други беше единствениот Џими Кимел, кој имаше чест по втор пат да ги води овие награди.


Можеби нечии очекувања се исполнија после филмските награди, а други беа изневерени. Но, сите оние кои што се закитија со Оскар се навистина заслужени, со оглед на тоа дека предвидувањата на филмските критичари се покажаа за точни. "Обликот на водата" ("Shape of Water") заслужено се закити со престижната награда за Филм на годината, додека награди за главна женска и главна машка улога им беа доделени на фантастичните Френсис Мекдорман и Гери Олдмен

За време на манифестацијата, политичката ситуација во Америка секако дека не беше занемарена, како на црвениот тепих и така и во говорите на Џими Кимел. Водителот исто така напомена дека се надева дека оваа година нема да се случат некои грешки кога ќе се доделуваат наградите, бидејќи минатата година на самиот крај се случи конфузија, односно за филм на годината беше прогласен "La La Land", а вистинската награда требаше да му припадне на "Moonlight". Па Кимел вели: "Од академијата рекоа дека ќе се фокусираат оваа година да нема никакви грешки и овој настан да биде најдобар досега. Па добро, на што се фокусиравте изминатите 90 години?".


Френсис Мекдорман сепак беше глумицата која го украде вчерашното Оскаровско шоу со својот говор во кој ја промовираше еднаквоста во филмската индустрија. Имено актерката која ја доби наградата за најдобра женска улога во говорот додаде дека сака да стави акцент на два збора ‘inclusion rider’. Овој термин се користи како член во договорите кои ги потпишуваат актерите и зборува за половата и расната различност која треба да биде присутна, како во актерската екипа која работи на филмовите, така и во екипата која ги креира истите и стои зад камерите.

Гери Олдман, кој ја играше улогата на Винстон Черчил во филмот "Најтемниот час" ("Darkest Hour") се пошегува за класичниот говор кој се упатува кога се прима наградата: "Очигледно е дека не очекував дека ќе ја добијам наградата...", публиката се смееше, па потоа во неговиот говор тој најмногу ѝ се заблагодари на неговата 99 години помлада мајка, за која рече дека е постара од Оскарите.

Во прилог погледнете ја листата на добитниците на Оскар: 

Споредна женска улога: Алисон Џени

Споредна машка улога: Сем Роквел

Странски филм: "A Fantastic Woman"

Краткометражен документарен филм: "Heaven is a Traffic Jam on the 405"

Долгометражен документарец: "Icarus"

Оригинална песна: "Remember me" - "Coco"

Анимиран филм: "Coco"

Адаптирано сценарио: "Call Me by Your Name"

Оригинално сценарио: "Get out"

Главна машка улога: Гери Олдмен

Главна женска улога: Френсис Мекдорман

Продуцент: Гиљермо дел Торо

Филм на годината: "Shape of Water"

Кинематографија: "Blade Runner 2049"

Целосната листа на добитници погледнете ја тука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг