Почнаа да излегуваат нови снимки од крвавиот натпревар од Лига Европа меѓу Атлетик Билбао и Спартак Москва, натпревар кој на се друго личеше освен на фудбал.
Непријатните инциденти пред фудбалската арена „Сан Мамеш“, продолжија и низ улиците на овој град.
Атмосферата беше како да има војна, дури и полицијата која интервенираше не успеа да ги спречи блиските контакти меѓу спротивставените групи.
Данокот од овие инциденти е и смртта на официјално лице од групите за безбедност на полицијата, со што за ова најитно ќе се состане Бордот на УЕФА каде дефинитивно ќе има за што да се зборува.