Шилегов на прес ќе објасни зошто споменикот на Ќосето е отстранет во ноќна акција

Макфакс

22/02/2018

10:46

1.386

Големина на фонт

а а а

Зошто споменикот на Андон Ќосето се отстрануваше во ноќна акција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе објасни на посебна прес конференција. Портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху утрово не сакаше да даде никакво објаснување за ноќната акција.

„Градоначалникот ќе се одговори на сите прашања околу отстранувањето на споменикот денес околу пладне, на прес конференција. Не можам ништо да кажам оти градоначалникот сака да го има првиот збор“, рече портпаролот Салиху.

Отстранувањето предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Има забелешки зошто тоа се прави навечер кога новата власт веќе најави дека споменикот на Ќосето е прв на листата за отстранување, повторно се отвори дебата околу тоа дали требало или не требало да биде поставен, а многумина градоначалникот на Скопје го прашуваа и кога ќе почне да ги отстранува спомениците поставени од ДУИ.

Споменикот на Ќосето беше поставен во ноќна акција во септември 2014 година. Тој е донација на Град Скопје од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. И поставувањето на споменикот предизвика бурни реакции кај граѓаните и многунима уште во истиот момент побараа да се отстрани, имајќи во предвид дека се работи за контроверзна историска личност.

Постаменот пред Врховниот суд во Скопје осамна празен, а утрово претсдателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, се поклони на местото каде што стоеше споменикот и зпали свеќи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг