Споменикот на Андон Ќосето ноќеска отстранет oд пред Врховниот суд

Макфакс

22/02/2018

09:52

2.465

Големина на фонт

а а а

Споменикот на Андон Ќосето ноќеска беше отстранет од пред Врховниот суд, во центарот на Скопје и пренесен во магацините на Металскиот завод Тито. Отстранувањето е извршено по налог на Град Скопје.

Овој споменик беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014, како дел од проектот „Скопје 2014“ и како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Станува збор за контраверзна историска личност чие поставување предизвика низа реакции во јавноста, Ќосето е познат како ликвидаторот на ВМРО.

Работната група при Министерството за култура предходно утврди бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. СЈО отвори истрага за спомениците кои беа поставени како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг