Александар Миновски се откачил од јажето за спасување: Ова е официјалниот полициски извештај за несреќата!

Точка

19/02/2018

20:49

28.086

Големина на фонт

а а а

По информациите кои деновиве излегоа во јавност се огласија фамилиите на трагично загинатите Александар и Калина со доза на лутина кон одредени информации, кои како што сметаат, се пласирани со цел да се прикрие дел од вистината за трагичниот настан на Кајмакчалан во коj загинаа Александар Миновски и Калина Велевска.

Во прилог на вистината тие ни доставија официјален извештај од грчката полиција изготвен по повод трагичниот настан. Во него можеме да забележиме одредени делови кои се кријат од македонската јавност. Tие сметаат дека за немилиот настан треба да се отвори официјална истрага со која ќе се утврди одговорноста, која ќе придонесе за идно спречување на слични настани.


Имено, во приложениот извешај може убаво да се види дека апсолутно никаде не е споменато дека во 22.00 часот од страна на Специјалната единица за справување со катастрофи (СЕСК) од Солун, било направен неуспешен обид за извлекување на планинарот Александар Миновски, додека тој сѐ уште бил жив. Оваа информација воопшто не е спомената во извештајот на Федерацијата на планински спортови од Македонија, како ни од планинарското друштво 'Трансферзалец'. Очигледно, некој сака да ја сокрие вистината, поради што мора да има истрага.

>> ДОСИЕ КАЈМАКЧАЛАН

Во однос на тоа дали се почитувани меѓународните стандарди, лесно може да се констатира преку правилото кое е јасно кажано дека планинска тура од ваков вид и со вакво невреме може да се извршува најрано три дена по завршување на невремето. За лошите временските услови водичот на групата бил известен од овластените лица на скијачкиот центар. Исто така според дел од информациите кои беа пренесени во емисијата 'Код', водичот на групата Зоран (Москито) два часа задоцнил во известување на горската служба, кое според нив е изгубено драгоцено време за спасување на планинарите.

Според фамилиите, ноторни се глупостите дека на Зоран (Москито) му се суспендира летната лиценца за искачување на групи, а инциденот е направен во услови каде тој нема лиценца за ваков вид на водење група во зимски услови.

'Доколку Зоран викан Москито имаше зимска лиценца можеби при полагање на истата ќе се здобиел со знаење во кое подобро ќе ги разберел опасностите од планинско искачување на група во вакви услови. Поради тоа сметаме дека голем дел од одговорноста паѓа токму на него. Поради тоа сметаме дека за овој настан треба да се отвори истрага во која ќе се сослушаат дел од планинарите, посебно оние седум кои заедно со Александар и Калина одлучиле да дојдат до црквата. Вистинските одговори лежат во нив, а не во извештајот на Федерацијата на планински спортови од Македонија каде главен виновник за несреќата ги посочуваат лошите временски услови. Интенцијата е вината да се префрли на двајцата планинари, а според приложениот извештај може да се види дека имало недоследности', вели член од фамилијата на загинатите.

При предавање на личните работи на Александар Миновски, недостасувал неговиот мобилен телефон, а можеби токму во него лежи и дел од вистината за тоа што навистина се случувало на Кајмакчалан. Останува нејасно зошто седум планинари во чија група биле Александар и Калина, продолжуваат со искачување кон црквата и покрај наводната забрана од Москито за продолжување на турата.

[Последната фотографија што ја направила Калина Велевска на Кајмакчалан каде може да се видат катастрофалните временски услови]

Н.П. / Точка

>> ДОСИЕ КАЈМАКЧАЛАН



Спонзорирани линкови

Маркетинг