Убавата ТВ водителка Лила Филиповска го кажа судбоносното “да” на Денот на вљубените, а на нејзиниот Инстаграм профил се појавија фотографии од романтичниот гест и свршеничкиот прстен.
Иако јавноста е љубопитна и сака да знае кој е избраникот на Лила, таа вешто го крие на своите фотографии.
Водителката овој викенд објави фотографија на својот “Instagram Story” на која таа е во прегратка на маж, а нејзиниот прстен и бујното деколте беа ставени во преден план.
За Лила ова ќе биде трет брак, а таа во неколку наврати досега има откриено дека среќата во љубовта ја следи само кога истата е далеку од очите на јавноста.