Инстаграм приказна на Даниел Цуклев: Обожувам да готвам храна во која е вклучен оризот, во најразлични варијанти

Точка

06/02/2018

10:38

23.037

Големина на фонт

а а а

Точка во својот серијал Инстаграм приказни Ве запознава со нашите домашни инстаграмџии и со нивното секојдневие од повеќе аспекти. Мора да Ви признаеме дека нашите инстаграм јунаци имаат прекрасни фотографии. Секоја од нив пишува биографија и сведочи за нивната креативност, која секако и нам ни претставува поттик за да ја разбудиме нашата и да создадеме нешто интересно и ново.

Денес Ве запознаваме со Даниел Цуклев. Тој е љубител на добриот залак, а исто така ужива и во подготвување на истиот. Готвењето на вегетаријанска храна му е особено задоволство. Вели дека не е најголем фан на месо и дека јаде повеќе месо само кога ќе забележи дека слабее поради својот брз метаболизам. Оризот е една од неговите омилени намирници. Тој обожува да готви јадења кои вклучуваат ориз во најразлични варијанти. Фотографиите од своите рецепти ги објавува на својот инстаграм профил и така ја креира својата „готвачка“ инстаграм приказна, која ни ја раскажува низ овие пет фотографии:

Крем супа од леќа, спанаќ и компир е рецепт од една многу интересна блогерка која живее во Чикаго, готви веган исхрана и секогаш може да се најде здрав и брз рецепт на нејзината страна. Овој рецепт беше малку изменет од моја страна и наместо блитва додадов спанаќ и печурки. Леќата и сечканиот компир се варат околу 20 минути, па потоа се додава доматно пире и листови спанаќ. Се остава уште 15 минути да се готви па се додаваат зачини, рендана кора од лимон, печени семки од тиква и сончоглед и 2 лажици Hemp масло.

Фокача потекнува од италијанската кујна и може да се направи во разни варијанти. Ова тесто беше направено за домашен леб, но после еден час чекање да втаса, се одлучив да биде фокача. Убаво и крцкаво испечено лепче со рузмарин, секогаш може да биде добра идеја за нешто поразлично од она секојдневното.

Со се почесто следење на веганска и вегетеријанска исхрана доаѓам до рецпети, состојки и начин на готвење кои сакам  да ги пробам. Така и овие Noodles, Spirulina Noodles кои ги купив од маркет во Солун, ги зготвив со зеленчук и печен наут. Секогаш може да се најде брз и здрав рецепт кога станува збор за Noodles.


Доколку сте обожаватели на Smoothie како мене, ова е совршен рецепт. Барем 2 пати во текот денот се трудам да направам некоја интересна комбинација со мешење на зеленчук и овошје. Секогаш доаѓам до некоја интересна комбинација како оваа денес. Сладок компир, јаболко, морков, сок од портокал и ѓумбир.

Брзи и здрави мафини со кокосово масло, кокосов шеќер и боровинки. Вегански мафини со само неколку состојки: брашно, масло, шеќер и боровинки. Вкусен и здрав десерт за секоја прилика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг