Инстаграм приказна на Марко Блажевски: ‘After Work’ забава, ние си правиме на планина

Точка

29/01/2018

22:02

10.611

Големина на фонт

а а а

Точка започна со еден нов серијал кој Ве запознава со нашите домашни инстаграмџии и со нивното секојдневие од повеќе аспекти. Мора да Ви признаеме дека нашите инстаграм јунаци имаат прекрасни фотографии и секоја од нив пишува биографија и сведочи за моментите до кои сакаме да Ве доближиме.

Денес Ве запознаваме со нашиот инста-јунак Марко Блажевски. Марко е млад дечко од Скопје кој навистина има око за добар кадар. Со фотографија се занимава веќе неколку години. Негова пасија, покрај фотографијата е и возењето. Тој прави комбинација од овие две негови хобија, па така често патува со цел да најде инспирација за добра фотка како и за дружба и уживање со своите пријатели. За својата инстаграм приказна низ овие пет фотографии Марко ни раскажува:

1. After work

Понеделник и не е така лош ден, ако знаеш добро да си го испланираш. На првиот снег на Караџица, моравме да провериме колку цм има. After work забава, ние си правиме на планина.


2. Кајак на изгрејсоце

Кога некој на изгрејсонце спортува, некој фотографира. Секое изгрејсонце си има своја приказна, а јас преку фотографија се обидувам да ја доловам. Елен Камен е едно од местата каде што ја црпам својата инспирација.

3. Скопска Црна Гора

Деновите кои минуваат не се враќаат назад, затоа се трудам секој ден да го уживам. Со големи планови за иднината, но секој ден како да е последен. Магија, на Скопска Црна Гора на 50 км од дома.


4. Козјак

Соништата се остваруваат, само доколку работиме напорно за да ги оствариме. И во недела кога не одам на планина, Козјак е идеална дестинација. Добро друштво и лулашка, со поглед кој здив одзема.


5. Мока

Ако денот по утрото се познава, ќе биде совршен како и првото кафе на 1.800 м.н.в. Мора да биде вкусно и јако, да ме разбуди за адреналинското возење што следи. На Караџица, Бегово Поле, па Солунска. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг