Во едно големо истражување од 2017 година во кое биле опфатени повеќе сегменти, ова се најскапите или најнедостапните градови за живеење на планетата.
Во третиот квартал од 2017 година биле анлизирани 293 градски пазари за домување во девет земји - Австралија, Канада, Хонг Конг, Ирска, Јапонија, Нов Зеланд, Сингапур, Велика Британија и САД, пишува Business Insider.
Користејќи го "median multiple (средниот повеќекратен)" метод, кој вклучува земање на средната ценовна вредност на домот, како и на средната вредност на приходот во едно домаќинство. Значи, ако просечниот приход бил 50.000 долари, а просечната куќа чинела 250.000 долари, средната вредност на недостапност би била 5 (250.000 / 50.000 = 5).
Погледнете ја листата на најскапите градови за живеење за 2018 година според "median multiple" методот.
Домувањето во Нов Зеланд е сериозно недостапно, со вкупна просечна вредност од 5.8, а во Туаранга просечниот почеток чини 8.9 пати повеќе од просечниот приход.
Лоциран во државата Монтереј, Салинас е гратче со популација помала од 150.000 жители. Ова место има средна вредност од 9.1.
Сан Франциско заедно со Салинас го делат деветото место на оваа листа со идентична средна вредност од 9.1.
Овој 'рајски град' со преубави плажи кој е сместен во островот Оаху, има "median multiple" вредност од 9.2.
Лос Анџелес е втор најскап град за живеење во САД. Неговата вредност е 9.4
Четвртиот, но не и последниот град во Калифорнија кој е во листата топ 10, Санта Барбара има средна вредност од 9.4.
Со просечна вредност од 9.9 Мелбурн стана неприфатлив град за живеење во последните неколку години од 6.3 во 2001, а под 3.0 во раните 1980-ти години. Од 2001 па наваму просечната вредност на домовите се зголемила за еквивалент на повеќе од три години во просечниот приход на домаќинствата пред оданочување.
Најмалку достапен град за домување во заливот на Сан Франциско, Сан Хозе со средна вредност од 10.3.
Лоциран во областа Беј (Bay Area), Санта Круз има висока вредност на неудобно и скапо живеење во САД, со средна вредност од 10.4
Најмалку достапен и најскапиот град во Канада, со средна вредност од 12.6, Ванкувер го доживеал најголемото влошување во ова истражување на достапност, зголемувајќи ја вредноста од 2.35 на 5.3 во 2004 година.
Најмалку прифатлив град за живеење во Австралија. Сиднеј има средна вредност од 12.9 а големо влошување било забележано во последните неколку години, со оглед на тоа дека во 2001 година стапката била 6.3. 'The UBS Global Real Estate Bubble' индексот за недвижности го оценил Сиднеј како град со најголем ризик за домување во светот (заедно со Ванкувер).
Најмалку достапно место за домување веќе одма година по ред е Хонг Конг со просечна вредност од 19.4. Минатата година вредноста на овој град била 18.1.