Овој маж си ги извадил ребрата за да може да го закопча сакото, а потоа во тегла ги донел во ТВ емисија

Точка

24/01/2018

16:42

27.719

Големина на фонт

а а а

Родриго Алвес е познат како "човечкиот Кен", откако по низа пластични операции го променил својот изглед до непрепознатливост, за да личи на популарната пластична кукла. Конкретно, под нож одел дури 60 пати и вкупно потрошил дури 500.000 фунти.

На последната операција во низата извадил четири ребра - за да може да го закопча сакото. 

"Посетив тројца различни хирурзи, во Европа и Америка, го одбрав најдобриот и сега сум многу задоволен. Сакав да извадам шест, а не само четири ребра, но кажано ми беше дека тоа е невозможно", рекол Алвес во емисијата "This Morning".

И гледачите и водителите прилично ги шокирал бидејќи извадените ребра ги донел со себе, во тегла.

"Сакам да се изразувам преку облеката. Сите мои сакоа мораше да бидат прекроени бидејќи ниедно не ми стоеше добро. Ги извадив ребрата за да не морам секогаш да носам ново сако на кројач или пак да го задржувам здивот додека го закопчувам. Да, операцијата не беше безопасна, а ребрата кои ми ги извадија и немаат некоја голема улога", тврди Кен.

Сепак, мора да се каже дека извадените ребра малку му недостасуваат на Алвес, бидејќи моментално мора да носи појас под облеката како дополнителна потпора на рбетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг