Кога станува збор за врските, веруваме дека повеќето од Вас ќе се согласат дека жените се многу потрпеливи од мажите. Тоа што жените се потолерантни е резултат на многу фактори, а дали е тоа добра карактеристика на жената или не, оставаме на Вас да одлучите откако ќе ги прочитате 10-те работи што тие најчесто ги толерираат кога се во врска.
Неретко се случува да треба да повторите повеќе пати за да заврши некоја обврска, а тој постојано заборава? Или заборава на информација која веќе сте му ја кажале и секој пат е како првпат да ја слуша? Селективното памeтење многу често е причина за расправија во врската.
Тој постојано има некоја работа која мора да ја заврши на неговиот телефон, дури и кога ручате, разговарате или гледате филм. Остава впечаток дека не е присутен во времето кое го минувате заедно.
Од Вас се очекува, покрај одењето на работа, да ги завршите и сите домашни обврски? Готвење, чистење, пеглање и чување на децата, додека тој го гледа натреварот на својот омилен тим на телевизија. Кога нема поделба на домашните обврски, партнерите наидуваат на неразбирање и расправии.
Сите доаѓаме во момент кога едноставно не можеме да завршиме некоја работа, меѓутоа тој многу често не наоѓа 5 минути да го фрли отпадот или да ја стави својата облека во корпата за нечиста облека. Вам Ви изгледа дека постојано одите по него и го расчистувате неговиот неред.
Се чувствувате дека Вие постојано смислувате нови идеи и наоѓате места на кои може да излезете. Понекогаш Ви е потребно тој да Ви предложи ресторан или клуб во кој би сакале да излезете, а можеби некогаж и да ве изненади и да ве изнесе на место на кое не сте биле заедно до сега. Мажите често забораваат да го сторат тоа.
Не чувсвувате дека барате премногу. Едноставно тој понекогаш Ви остава впечаток дека Ве занемарува или не сака да ви посвети внимание со некој мал гест, да Ви подари цвет или да ве изненади со убаво кафе наутро.
Кога во врската нема ограничувања или „забранувања“ таа тече во најдобар ред и е добра за двата партнера. Дружбата со други луѓе е неопходна за секој поединец. Не е убаво кога човек ќе се затвори и се дружи само со својот партнер, меѓутоа тој понекогаш навистина Ве става во втор план кога станува збор за дружба со неговите другари и го поминва поголемиот дел од времето со нив. Една од честите причини за расправија во врската е кога се чувствувате запоставена.
Треба да бидеме свесни дека секоја врска се заснова на заемно вложување. Доколку едниот партнер чувствува дека придонесува многу повеќе од другиот градејќи го тој однос, тоа многу често ја става врската на „стаклени нозе“.
Времето одвоено за себе е многу важно за секоја индивидуа. Исто толку важно е и времето поминато со партнерот. Доколку тој не наоѓа време да се видите со денови, можеби и недели, тоа Ви остава впечаток дека нему не му е толку важно Вашето присуство.
Често како аргумент користи „бели лаги“ за да се извлече од некоја ситуација за која е виновен или за да го скрати разговорот кој не му оди во прилог? Веројатно секоја жена би се кажала дека искреноста и разговорот е подобриот пат кон решавање на секој проблем, но не секој маж би се согласил со истото.