Директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, вчеравечер гостуваше во емисијата на новинарот Васко Ефтов - “Во центар”.
Тасевски, по 30-минутното интервју го напушти студиото, а денеска по повод ваквиот инцидент, директорот и претходно активист на Шарената револуција, се огласи на својот Фејсбук профил:
“Знам, пријателите очекуваат моја реакција за интервјуто кај Ефтов. Преќутев не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто...Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме туку да се занимава со мене со цел да ме искомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно. Сфатив, некој смислено ме избрал за таа цел. Тоа се гледа и по омразата на оние кои сега ме плукаат и физички ми се закануваат . Очигледно сум им пречел многу. Нека е и така. Од грешките се учи многу, ако се сака. Само уште ова. Гаќите се уште на мене, ама некој пак му ги смкна гаќите на новинарството, ако пропагандата може да се нарече новинарство”, напишал Тасевски на својот профил.