Овен објасни зошто Марез е лоша опција за Ливерпул

Дерби

12/01/2018

20:10

1.001

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Ливерпул пред неколку денови официјално го загуби Филипе Кутињо кој го оствари својот сон и се пресели во таборот на Барселона.

„Црвените“ за оваа зделка добија 160 милиони евра (120+40), па сега сите очекуваат како тие средства ќе бидат потрошени и кој ќе го замени Кутињо на неговата позиција. Една од опциите која се споменуваше низ медиумите беше Ријад Марез од Лестер, но легендарниот напаѓач на составот од „Енфилд Роуд“, Мајкл Овен смета дека тоа е лош избор, поточно не знае како Алжирецот би се вклопил во единаесетката на Клоп.

-Ливерпул го започнува животот без Кутињо во она што ветува дека ќе биде еден од натпреварите на сезоната меѓу двата највозбудливи тимови во лигата. Бев запрашан оваа недела што мислам за Ријад кој се поврзува со преселба на „Енфилд Роуд“, дали ќе биде идеална замена, ама јас со тоа не можам да се согласам. Колку и добар да е Марез, тој можеби нема да го поседува темпото или работната етика што Јирген Клоп ја бара и се прашувам каде тој би играл во почетната единаесетка-сигурно не на местото на брилијатниот Мо Салах на десната напаѓачка страна, -истакна Овен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг