Кими цели кон подобрување и титула

КРУГ.МК

12/01/2018

17:27

1.276

Големина на фонт

а а а

Најстариот Формула 1 возач на гридот, Кими Раиконен, има за цел да се подобри годинава и да се вклучи во борбата за титула. Перформансите на финецот изминатите неколку години беа доста под нивото на неговиот тимски колега Себастијан Фетел.

Раиконен немаше победа лани во сезона во која Себ дојде до дури 5 триумфи, но првакот од 2007 година ја задржа довербата на одговорните од Маранело кои очекуваат многу подобри резултати од него оваа година.

„Јасно е дека сакам годинава да се борам за титула. Лично не ја почнав добро 2017 година, не бев задоволен со сетапот и ми требаше многу време да сватам како да го поправам тоа. Сезоната потоа се одвиваше добро, но имавме доста незавршени трки од различни причини.

Како е екипа многу напредувавме и навистина далеку стигнавме, но јасно е дека не беше доволно за целта која ја поставивме. Треба да средиме некои работи, да не правиме грешки и да нема проблеми. Почнуваме од нула и се надеваме дека ќе имаме подобра сезона од претходната“, појасни Кими.

Викендов Раиконен остана без својот тркачки инженер откако Дејвид Гринвуд реши да замине од Маранело во ВЕЦ ендјуранс серијата. Скудерија се уште не го наименувала неговиот наследник иако Марко Матаса, човекот кој работеше со Карлос Саинз и Пјер Гасли во Торо Росо е прв кандидат за празното место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг