Путин за големиот напад со дронови на руските бази: Знаеме точно кој го изведе нападот, кој им плати и колку...

Точка

12/01/2018

17:13

6.056

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи после големиот напад со дронови на руските воени бази во Сирија и порача дека руските служби знаат точно кој стои зад нападот.

Претседателот на Русија за тамошните медиуми проговори за неодамнешниот напад со дронови на руските воени бази во Сирија и притоа откри неколку интересни детали. Имено, Путин тврди дека Русија знае кој стои зад тие напади и тврди дека е јасно дека зад нападите не стои Турција.

Ова е сосема нов развој на ситуацијата, затоа што непосредно после нападот, Русија испрати протестна нота до турскиот воен врв и турските разузнавачки служби.

Се чини дека Русите најпрвин мислеле дека Турција стои зад нападот со дронови изведено од страна на сириските милитанти, затоа што истиот бил изведен од територијата која што ја контролираат милитантите кои што имаат поддршка од Анкара. Но, се чини дека Русија го промени тој став.


„Ова се провокации кои што имаат цел да ги нарушат претходно постигнатите договори. Понатаму, со ова некој сакаше да бидат нарушени односите со нашите партнери Турција и Иран. Ние знаеме што точно се случило и согласно со тоа ќе реагираме“, изјави Владимир Путин во врска со инцидентот и додаде:

„Зад провокациите не стојат Турците. Знаеме кој ги изведе нападите. Знаеме кој платил за овие провокации и знаеме и точно колку е платено“, изјави Владимир Путин кој сепак не откри кој стои зад напаот со дроновите.

Понатаму, иако дроновите на прв поглед изгледаат како играчки, рускиот претседател тврди дека нивниот изглед намерно е направен таков.


„Овие летала се камуфлирани за да изгледаат како да се од евтина изработка. Но, во нив всушност се наоѓаат високо-технолошки елементи“, порача рускиот претседател Владимир Путин.

Тој даде изјава за руските медиуми непосредно откако имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со кого разговарал за неодамнешниот напад на руските бази Хмејмим и Тартус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг