5 чекори до полесен детокс после новогодишните празници

Точка

12/01/2018

14:58

2.618

Големина на фонт

а а а

Иако прекрасни и исполнети со многу закуски и напитоци за здравици, новогодишните празници се приближуваат кон самиот крај.

Висококалоричните оброци, зголемената количина на алкохолни пијалоци, зачестените грицки и десерти предизвикуваат нарушен баланс во секојдневната исхрана. 

Ако сте подготвени да ги задржите или да стекнете здрави навики, што ќе го ресетираат вашето тело после цела сезона зголемени оброци, препорачуваме воведување на неколку чекори, со цел враќање кон правилната исхрана: 


1. Отстранете ја нездравата храна од вашиот дом 

Храната која не ја гледаме не ја ни јадеме – е основно правило според кое треба да се водиме. Затоа првиот и основен чекор за детокс после празниците е детално чистење на полиците од масна, нездрава храна, грицки, десерти и газирани напитоци. Освежете ја кујната со свежо овошје, јатки, семиња, целозрнести житарки, суви овошки и зеленчук. Подготвувајте супи, свежи салати, смути, цедени сокови и варете житарки. 

2. Утринска детоксикација - напијте се една чаша вода со ѓумбир после самото будење 

Означете го почетокот на секој ден со природен напиток, наутро подгответе 200мл вода со 1 цеден лимон и 1 мала лажичка ѓумбир во прав. Овој напиток е првата течност што ќе ги исфрли токсините кои се таложеле во претходниот ден, а во исто време делува освежително и енергетски. 


3. Појадувајте секое утро 

Телото има потреба од енергија со која ќе се започне самиот ден, не прескокнувајте го најбитниот оброк - појадокот. Направете комбинација од една шоља зелен чај со свежа овошка и мала чинија безглутенски снегулки како што се киноата, амарантот, хељдата и просото. На овој начин го рехидратираме организмот, обезбедуваме доволно минерали и витамини, а воедно внесуваме и диетални влакна кои се грижат за правилна дигестија. 

4. ДА! за физичка активност 

Енергијата која ја внесуваме преку храната мора да се потроши за да имаме правилна функција на метаболизмот и да не се предизвика масно таложење во телото. Токму лесната физичка активност на отворено каде внесуваме повеќе кислород, помага за лесно согорување на масните ткива а со тоа да се спречи несаканото таложење на токсини. Практикувајте попладневни прошетки и со себе понесете шише течност во комбинација од зелен чај, лимон, ѓумбир, цимет. 

5. Внесувајте лесна храна на крајот од денот 

Дадете знак на своето тело дека е време за одмор и внесете лесна храна. Секој вечерен оброк практикувајте го најмалку 4 часа пред спиење. Комбинирајте свежи салати со додаток од варени жита: киноа, хељда, просо, зачинети со лимонов сок и ладно цедено масло од лен или тикава. Исто така супата е одличен вечерен оброк кој може да се вклучи во менито. Не ја оспорувајте моќта на овесот и внесете го во комбинација со нискомаслен јогурт и една лажица мелени семиња од лен, тиква, сусам и сончоглед. Не заборавајте, вечерата дава информација дека е време за одмор и желудникот мора да биде празен пред спиење, утрото е наменето за високохранливи оброци кои ќе ни дадат енергија за цел ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг