Путин за Ким Јонг Ун: Тој е остроумен и зрел политичар кој ја доби оваа рунда против Западот

Точка

12/01/2018

13:26

2.624

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија помалку изненади со својата последна изјава за претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека првиот човек на Северна Кореја, диктаторот Ким Јонг Ун е „остроумен и зрел“ политичар и победил во последната пресметка со Западот околу својата нуклеарна програма и програма за развој на балистички проектили.

„Мислам дека господинот Ким Јонг Ун очигледно е дека победи во оваа рунда. Тој ја заврши својата стратешка цел: Има нуклеарно оружје, има проектили со глобален домет до 13 илјади километри, што значи дека може да ја погоди секоја точка на светот“, изјави Владимир Путин.

Русија во Обединетите нации гласаше за воведување на меѓународни санкции против Севера Кореја околу нуклеарната програма на Пјонгјанг, меѓутоа од Москва го повикаа Западот да покаже воздржаност и да бидат одржани разговори околу тоа прашање.


Претседателот на Русија повтори дека дијалогот со Северна Кореја е загарантиран и додаде дека севернокорејскиот претседател, Ким Јонг Ун, сега навистина сакал да ја смири ситуацијата.

Северна и Јужна Кореја во вторникот ги одржаа првите разговори после две години, а американскиот претседател Доналд Трамп после преговорите, во разговор со јужнокорејскиот претседател изјави дека е подготвен за разговор со Пјонгјанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг