Aпелација ги чека жалбите за продолжениот притвор на осомничените за крвавиот четврток

Макфакс

03/01/2018

12:16

653

Големина на фонт

а а а

До Апелацискиот суд во Скопје нема пристигнато жалби на адвокатите на осомничените за крвавиот четврток за продолжувањето на притворот, велат од второстепениот суд.

Oсновниот суд 1 во Скопје на предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 27 декември 2017 година им го продолжи притворот за нови 30 дена на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и на организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесетмина осомничени за насилствата во Собранието.

Куќниот притвор им е продолжен на пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и на уште еден осомничен, додека за С.М. и М.М. судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор. Рокот за жалба е 48 часа од приемот на решенијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг