За нивните злосторства ретко се зборува и се во сенка на Нацистите: Јапонците палеле живи луѓе, па ги јаделе...

Точка

27/12/2017

16:10

3.871

Големина на фонт

а а а

Општо познати се сите ужаси кои што се случиле во Втората светска војна, но генерално сите се припишуваат на нацистичка Германија. Сепак, нивните сојузници од Јапонија не биле помалку брутални во ниту еден случај.

Масакрот во Нанкинг

На почетокот на кинеско-јапонската војна во 1937-ма година, две години пред да избие Втората светска војна, Јапонците извршиле инвазија на тогашниот главен град на Кина, Нанкинг. Јапонските трупи кои што влегле во градот ги убивале и малтретирале цивилите. Историските записи и докази укажуваат на тоа дека јапонските војници убивале бебиња, на децата им ги отсекувале главите, а многу луѓе ги закопале живи.

Покрај сето тоа, се проценува дека дивјачки силувале над 80 илјади жени, а дури и ги приморувале членовите на семејството да имаат сексуални односи меѓусебно, со цел тие да се забавуваат. Според историските податоци, во масакрот биле убиени над 300 илјади цивили.


Масакрот во Палаван

Станува збор за еден од најодвратните примери за суровоста на јапонските војници. Имено, на 12-ти декември 1944-та година, сите 150 заробени Американци во логор на Филипините, биле пренесени во околната шума која што била претворена буквално во една голема печка.

Откако живи ги запалиле, околу 30-тина од нив успеале да побегнат на брегот и да се спасат со пливање. Но, ниту тука не е крајот, затоа што кон нив било пукано, па само 11 од нив успеале да преживеат.


Канибализам

Малку познато е тоа дека јапонските војници за време на Втората светска војна практикувале канибализам. Постојат историски записи дека во Кина, јапонските војници често ги убивале, а потоа и ги јаделе своите противници.

Железницата на смртта

За време на окупацијата на југоисточна Азија, Јапонците одлучиле да изградат железница помеѓу Тајланд и Бурма затоа што им била потребна пруга за снабдување на армијата со оружје и муниција.

Целата железница била изградена без индустриски машини, а заробениците кои што ја граделе морале да се пробиваат низ густата џунгла по огромни температури. Добивале само неколку грама ориз дневно. Се проценува дека за време на изградбата животот го загубиле над 110 илјади заробеници кои што починале од глад, замор, разни болести или пак биле стрелани затоа што не можеле да работат.


Единицата 731

Тајната јапонска единица, позната како „Единица 731“ за време на Втората светска војна се проценува дека ликвидирала над 600 илјади луѓе врз кои вршеле страшни експерименти. Единицата делувала од комплекс на шест квадратни километри во Пингфанг во Кина.

Стотици илјади цивили биле изложени на најбрутални експерименти, ампутации без анестезии, заразување со разни болести и слично. На некои им биле вадени цели органи без анестезија, а многу жени биле принудени да останат бремени поради експерименти. Според податоците, во овој комплекс биле родени илјадници бебиња, но ниту едно не го напуштило комплексот живо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг