Кучето на кое му беа ставени петарди во устата е оперирано

Макфакс

23/12/2017

23:00

5.393

Големина на фонт

а а а

По два дена трагање, кучето на кое деца му фрлиле петарди во уста во Скопје е пронајдено и оперирано. Од „Анима Мунди“ велат дека е потребна помош за животното да се спаси.

„Насилството врз животните е индикатор за девијантно и болно општество. Ова е кутре кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата. По 2 дена трагање по кучето кое се распаѓало од болка, сега е оперирано и потребна е помош за да се спаси“, велат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

Од таму наведуваат дека Македонија има итна потреба од полиција за животни или служба за превенција, евиденција и санкција на насилството на кое животните се изложени на секој чекор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг