Персоналниот тренер во Фитнес Парк Едина Муса, на Светското фитнес првенство во Франција освоила 12-то место!

Точка

04/12/2017

12:29

24.289

Големина на фонт

а а а

Персоналниот фитнес тренер на Фитнес Парк во Скопје Едина Муса, го освоила 12-то место на Светското фитнес првенство во Франција.

На овогодинешното Светско Првенство во Фитнес (2017 IFBB WORLD FITNESS CHAMPIONSHIPS) кое од 01 до 04 декември се одржува во Биаритс - Франција, имаме наш преставник кој постигнал одлични резултати.


Имено, персоналниот фитнес тренер во Фитнес Парк хотелот од Скопје Едина Муса, по напорно спремање кое траело цела година, го освоила престижното 12-то место. Таа во Франција била во придружба на менаџерот на Фитнес Парк Никола Боглев, кој воедно е единствен делегат од Македонија.

Едина Муса е ќерка на Амди Муса, тренер по кошарка на младинскиот тим "Водњански Лисици" од Скопје. По нејзиното враќање очекувајте ексклузивно интервју на Точка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг