Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, не присуствувааа на денешната расправа на Комисијата за одбрана, на која се носеа одлуки за испраќање војници во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека блокадата на Собранието ќе продолжи, односно нема да се појават на ниту една седница, се додека не запре политичкиот прогон како што го нарекуваат против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите опции се во игра, ќе ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање. Ќе ги активираме сите 10 пратенички групи, ако треба ќе поднесуваме и по 5.000 амандамни и ќе ги блокираме комисиите. Нема да престанеме се додека не запре овој политички прогон и реваншизам, инфомираше за Макфакс Илија Димовски, еден од координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.
Истото се случи вчера кога пратенците на опозицијата ја бојкотираа и комсијата за имунитетно- мандатни прашања.кога се носеше одлука за одземање на имунитетот на шесте пратеници кои беа се сомничат за учество во настаните од 27 аптил. Дел од пратенците на ВМРО-ДПМНЕ, вчера не беа ниту на комисијата за буџет и финасирање, заради што комисиската распрва беше откажана.