НДМ: Разочарани сме дека Заев заборави на Македонците во Бугарија

Макфакс

24/11/2017

14:39

650

Големина на фонт

а а а

Народно движење за Македонија ги поздравува иницијативите на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов од Струмица за економска, инфраструктурна, туристичка и енергетска соработка, развојот на коридорот 10, намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, што севкупно е во интерес на граѓаните.

„Меѓутоа, НДМ и народот изразуваат големо разочараност што премиерот Заев на вчерашната заедничка седница на македонската и бугарската влада не го постави прашањето за дискриматорската положба на Македонците во Бугарија. Односно, премиерот Заев на најкомпетентното место не побара одговор зошто Македонците во Бугарија во 21-ви век ги немаат основните човекови и малцински права во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на КЕБС/ОБСЕ“, велат од НДМ.

НДМ го прашува Заев како можел да заборави на Македонците во Бугарија?



Спонзорирани линкови

Маркетинг