УЕФА ќе ги казни: Навивачите на Зенит го поддржаа Ратко Младиќ

Макфакс

24/11/2017

10:52

528

Големина на фонт

а а а

Воениот злосторник Ратко Младиќ, кој завчера во Хаг беше осуден на доживотна затворска казна, покрај очекуваната поддршка од навивачите на Црвена ѕвезда и Партизан, доби по малку и неочекувата поддршка од фановите на Зенит, која скапо ќе ја чини рускиот тим.

УЕФА најави дека еден натпревар пред празни трибини ќе играат сите клубови чии навивачи ќе го слават Ратко Младиќ.

Зенит вчера играше со Вардар (2:1), а неговите навивачи истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Ратко Младиќ, српски херој“.

Со овој транспарент тие сами си ги затворија портите на стадионот за наредниот меч на Зените во Лига Европа.

За разлика од фановите на Зенит, навивачите на Црвена ѕвезда и Партизан му упатија поддршка на злосторникот без да го споменат неговото име.

„Благодарност до твојата мајка“, пишуваше на транспарентот кој навивачите на Партизан го истакнаа на натпреварот против Јанг Бојс, додека навивачите на Црвена звезда во Белорусија, на стадионот на БАТЕ Борисов, го истакнаа транспарентот: „Илјада доживотни казни да ти дадеа, чесен Србин тебе ќе те слави“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг