Дачиќ: Трибуналот не сака помирување туку да докаже дека само Србите се виновни

Макфакс

23/11/2017

01:28

1.058

Големина на фонт

а а а

Хашкиот суд немаше цел да постигне помирување туку да докаже дека Србите се единствени виновници во претходните граѓански војни на просторот на поранешна Југославија, изјави српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, коментирајќи ја пресудата на трибуналот со која судот го осуди Ратко Младиќ на доживотна казна затвор.

„Хашкиот суд го завршува своето постоење на истиот начин на кој цело време постоеше, а тоа е дека немаше за цел да постигне меѓусебно помирување туку да докаже дека Србите биле виновни и дека тие се единствени виновници во претходните граѓански војни на просторот на поранешна Југославија“, рече Дачиќ за „Танјуг“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг