Грабар-Китаровиќ: Пресудата за Младиќ ќе биде барем делумна сатисфакција за семејствата на жртвите

Макфакс

23/11/2017

01:27

1.353

Големина на фонт

а а а

Казната доживотен затвор за Ратко Младиќ ќе биде делумна сатисфакција за семејствата на загинатите, убиени и измачувани, изрази надеж хрватската претседателка, Колинда Грабар – Китаровиќ, изразувајќи жалење што Младиќ не одговараше и за злосторствата извршени во Хрватска.

„Знам дека ништо не може да ги врати изгубените животи на илјадниците луѓе брутално убиени во Сребреница и на други места во Босна и Херцеговина, но исто така и во Хрватска. Жал ми е што не одговараше и за злосторства извршени во Хрватска“, рече хрватската претседателка по повод пресудата на Хашкиот трибунал за генералот Младиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг