НДМ: Заедничката владина седница на Заев и Борисов да се дополни и со точка за реафирмирање на Бледската спогодба

Макфакс

22/11/2017

14:52

621

Големина на фонт

а а а

Народно движење за Македонија ја поздравува серијата заеднички средби на македонската влада со владите на соседните земји кои стартуваат со утрешната средба на македонската и бугарската влада во Струмица.

Впрочем, владините заеднички средби се добра можност за изворно решавање на заедничките проблеми меѓу соседните земји.

Во таа насока, НДМ го повикува премиерот Заев да побара утрешната средба да се дополни и со точката усвојување на заедничка изјава со Бојко Борисов за реафирмирање на определбите од Мировниот договор со Бугарија од 1947 и историската Бледска спогодба од 1947 меѓу владите на тогашна Федеративна Народна Република Југославија и Бугарија, а во поглед на кои Република Македонија може да се смета за сукцесор според правилата на меѓународното право во областа на меѓународните договори.

На тој начин се отвора патот за искрено добрососедство во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на КЕБС/ОБСЕ, а во услови на сегашното целосно негирање на Македонците во Бугарија.

Да потсетиме, со меѓународно-правно се уште важечките Мировен договор и Бледската спогодба од 1947, Бугарија е во обврска да не дозволи никаква дискриминација меѓу своите државјани и да ги осигура сите права на човекот и основните слободи со што во во тој период во Бугарија во училиштата се воведува настава на мајчин македонски јазик, книжарници со македонски книги, македонски народен театар и други можности за изразување на македонската национална припадност и култура и на крајот откажувањето на Југославија од репарациите кои беа одредени во износ од тогашни 25 милиони долари со Мировниот договор од 1947 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг