Паника во Калифорнија, пукотници на најмалку седум локации: Масакр пред основно училиште, испукани најмалку 90 куршуми

Точка

15/11/2017

00:11

5.797

Големина на фонт

а а а

Најмалку пет лица се убиени во вооружен напад кој што се случил пред едно основно училиште во округот Техама во американската сојузна држава Калифорнија - американските медиуми пренесуваат дека имало пукотници на повеќе локации.

Напаѓачот кој што на крајот бил убиен од страна на полицијата отворил оган во околу 8 часот наутро по локално време од својот дом, а потоа баш во моментот кога родителите ги носеле своите деца на училиште, пристигнал пред училишната зграда и започнал да пука.

Веднаш настанала паника меѓу родителите и децата, а според првичните информации кои што ги пренесуваат американските медиуми, во вооружениот напад најмалку едно дете го загубило животот.


Инаку, вкупно пет лица го загубиле животот, но засега не е познато дали тамошната полиција во оваа бројка меѓу мртвите го вклучила и напаѓачот. "USA Today" пренесува дека меѓу повредените најмалата возраст била 6-годишно дете кое што добило куршум во ногата.

Ситуацијата на местото на инцидентот набрзо станала прилично хаотична, а некои од локалните медиуми пренесуваат дека во нападот учествувале и две лица, иако засега од полицијата таквите информации не можат да ги потврдат затоа што истрагата и натаму е во тек.

„Слушнавме рафали. Можеби беа над 90 куршуми испукани. Луѓето започнаа да бегаат, а децата да врескаат. Оддалечена сум три улици од училиштето и сосема е јасно дека ги слушнав вресоците“, сведочи жена која што живеела во близина на училиштето за "ABC".


Напаѓачот наводно отворил оган на седум различни локации. Најпрвин пукал од сопствената куќа, а потоа седнал во својот автомобил и започнал да пука во близина на училиштето.

Сосед на убиениот напаѓач, чие што име не е објавено, тврди дека станува збор на човек со криминална позадина кој што неодамна со кауција бил пуштен од затвор. Тој завршил зад решетки откако наводно избодел една девојка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг