Анѓушев: Доста трошевме на споменици

Макфакс

14/11/2017

23:36

1.818

Големина на фонт

а а а

Оваа Влада цврсто реши своите одлуки да ги носи на најтранспарентен и најдемократски начин. За сите прашања, особено за оние најсуштинските, се консултираме со експертите, науката, меѓународната заедница и со пошироката јавност.

Второ, цврсто решивме Македонија да биде алка на соединување на земјите на Западен Балкан, а не камен на сопнување. И, трето, доста трошевме пари за споменици. Нам ни требаат инвестиции во инфраструктура: во патишта, железница, гасификација. Спомениците не носат напредок, без инфраструктура, нема просперитет.

Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на панелот „Македонија – вртење нова страница“, кој се одржа во рамките на „Трансатлантскиот економски форум – Градење мостови на Медитеранот“.

Трите главни столба за економски просперитет, според вицепремиерот Анѓушев, се поддршка на стопанството, инвестиции во инфраструктурата и енергетска стабилност на Република Македонија.

„Потребите на граѓаните и на македонското стопанство се приоритет на Владата и токму по тие потреби ги креираме економските политики, кои се главен фокус во работата на Владата“, потенцира Анѓушев.

Тој истакна дека главна цел на Владата е да создаде стабилно бизнис-опкружување за инвеститорите, како и правна рамка, со која секој инвеститор ќе може да биде сигурен дека неговата инвестиција е заштитена и дека законите важат за сите еднакво.

„Владата преку програмата за економски раст ќе работи на поддршка на унапредување на технолошките и производствените процеси на компаниите, со цел да станат поконкурентни, пред сè, на меѓународните пазари. Основната цел е да се подигне стандардот на нивното работење и да им се овозможи осовременување и модернизирање на постојните капацитети и тие да може своите производи да ги пласираат на меѓународни пазари или да станат доверливи и сигурни доставувачи на светски познати компании. Ќе работиме на поддршка на домашните и странските компании, малите, средните и големите компании, резултатите од таа поддршка ќе се рефлектираат преку нови работни места, повисоки плати и зголемен извоз “, нагласи вицепремиерот.

Анѓушев ги реафирмира ставовите на Владата дека странските компании се добродојдени во Република Македонија и упати повик до компаниите од САД и од земјите на Медитеранот да се запознаат со планот за економски раст и да размислат своите идни инвестиции да ги остварат во Република Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг