Блокотехна подобра од Академик Пловдив

Макфакс

14/11/2017

23:29

893

Големина на фонт

а а а

Блокотехна го запиша третиот триумф во четвртиот меч во регионалната БИБЛ-лига кога на тешкото гостување во Бугарија со минимални 86:82 славеше над Академик Пловдив.

Тимот од Гевгелија имаше одличен старт и предност од 7 поени пред да се случи пад во концентрацијата и домаќинот да направи пресврт за 45:37 водство на полувремето. Блокотехна остана во игра до крајот на мечот за во финишот да стигне до нова победа.

Бенџамин со 31 поен беше најефикасен за тимот на Марјан Илиевски, Мијатовиќ имаше 22 поена, а по 12 постигнаа Младеновиќ и Казарновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг