ВМРО-ДПМНЕ: Поповски бадијала вработи над 40 луѓе, транспарентноста на Владата не е подобрена

Макфакс

14/11/2017

23:28

694

Големина на фонт

а а а

Заложбите на Владата и на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, за наводни слободни медиуми се лажни. Тие се уценети и притиснати и владее медиумски мрак, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Поповски вработи над 40 луѓе во Владата за да го подобри информирањето, но освен што тие ја чинат државата илјадници евра, нејзината транспарентност не е подобрена. Зошто сè уште се одбегнуваат одговори на вистинските прашања што ги бара јавноста поврзани со трошењето на јавните пари и давањето тендери во четири очи, како што беше случајот со вицепремиерот Анѓушев?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека протоколарните заложби за слободни медиуми на Владата и Роберт Поповски се лажни.

„Го прашуваме министерот за пропаганда на владејачката партија СДС, платен со парите на граѓаните, Роберт Поповски, како ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот? Има ли подобар пример за рушење на независноста на новинарството од самиот Роберт Поповски, кој од првото место во ЗНМ, се најде одговорен на партискиот прес-центар на СДС за да седне во министерската фотелја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг