Спасовски: МВР работи на расчистување на сите случаи на напади врз новинари

Макфакс

14/11/2017

23:15

623

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржа работна средба со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Харлем Дезир.

Соговорниците се согласија дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа.

„Министерот Спасовски ја потенцира соработката на Министерството за внатрешни работи со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја потенцира посветеноста на Министерството за внатрешни работи за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари што се случија во минатото“, соопшти МВР.

Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на и досега добрата соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг