Милевски најави големи промени: Селекцијата ќе има нов изглед, овие играчи не можат да се носат со предизвикот

Дерби

14/11/2017

20:04

1.282

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа тежок пораз од Австрија со 4-0 во Скопје, пораз кој селекторот Благоја Милевски го прифати со тоа што најави големи големи во националниот тим за следниот собир и дуелот со Русија во месец март 2018 година.

– По пораз од 4-0 што да се каже. Честитки до Австрија за победата, беа подобар противник, иако три од четирите голови се по наша грешка. Имавме ние свои шанси, но не успеавме да ги реализираме. Јас по мечот со Гибралтар истакнав дека тоа беше опомена за некои репрезентативци. Од март, репрезентацијата ќе има нов изглед и ќе почнеме да се спремаме за следниот циклус. Одговорноста е моја, јас ги избирам играчите, ама повеќето од нив не може да се носат со предизвикот и притисокот поставен од претходната генерација, -истакна Милевски.

Надежите по четири рунди во овој нов квалификациски циклус за ЕП имаат само три бода со учинок од една победа и три порази меѓу кој и оној од аутсајдерот Гибралтар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг