Вентура без срам: Ќе се повлече, но ги сака парите...

Точка

14/11/2017

17:03

1.729

Големина на фонт

а а а

Италија не успеа да се пласира на Светско првенство за прв пат после 60 години, а според многумина, најголем виновник за таквиот неуспех е селекторот на „Аѕурите“, Џампјеро Вентура.

На мета на медиумите и цела Италија денес е Вентура кој може да се каже дека е најомразената личност на Апенините. Тој напрвин после неупехот порача дека нема да се повлече од селекторската позиција, но речиси сигурно е дека ќе поднесе оставка, пред се поради притисокот на навивачите, но и на самите репрезентативци.

„Дали ќе дадам оставка? Да“, накратко даде коментар Вентура за италијанските новинари на аеродромот во Милано.

Сепак, италијанските медиуми тврдат дека со оглед на тоа што нема таква клаузула во договорот со Италијанската фудбалска федерација, доколку не поднесе самиот оставка, тој ќе мора да добие отказ. Доколку се случи да добие отказ, односно доколку не се повлече доброволно, Вентура наводно ќе побарал 700 илјади евра обесштетување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг