Уапсен косовски шпион во касарната „Илинден“? - Ќе одговара за неовластено правење скици на воени објекти

Макфакс

14/11/2017

15:07

13.462

Големина на фонт

а а а

Косовецот бил затекнат во касарната „Илинден“ во Скопје по што бил приведен во полициската станица Карпош.

Од МВР велат дека вчера во 10 часот во полициска станица Карпош, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија од КЗ на РМ, бил приведен Х.Р. (58) од Косово.

Тој бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“. По целосно расветлување и документирање на случајот, ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се преземат понатамошни дејствија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг