Во близина на “клунот”, кон средината, или кај “опашката” – Кое е најбезбедното место во авионот?

Точка

14/11/2017

13:49

5.369

Големина на фонт

а а а

Летањето со авион се смета за една од најбезбедните методи за патување. Но, несреќи сепак понекогаш се случуваат, а местото на коешто седите и тоа како може да ги зголеми шансите за истата да ја преживеете без поголеми последици.

Магазинот Time направил детална анализа на 17 авионски несреќи коишто се случиле во последните 30 години, и тоа се' со цел како би открилe кои се најбезбедните места во еден авион. Изненадувачки, како најбезбедно место кај еден авион се покажал средишниот ред во “опашката” на “лимената птица”.

“Средишниот дел на авионите низ историјата се покажал како најфатален за патниците. Смртноста во предниот дел на авионот изнесува 44 отсто во однос на задниот дел на авионот кадешто таа изнесува 28 отсто, истакнуваат во споменатиот магазин. Всушност, средишниот ред во задниот дел на авионот се смета за најбезбеден дел од авионот – токму ова го покажала анализата на 17-те авионски несреќи во последните 30 години.


Освен тоа, за безбедни се сметаат и двата реда коишто се најблиску до излезите, во случај на опасност, со оглед на тоа дека патниците коишто се на овие места имаат можност за најбрзо да излезат од авионот.

Секако, секогаш треба да се почитуваат и протоколите за безбедност во авионот, а тоа значи да се врзува безбедносниот појас каде и да се седи. Во магазинот Time потенцираат и дека споменатите места не спречуваат повреди и смртност, туку се покажале како “најсреќни” во последните три децении кога станува збор за авионските несреќи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг