Со години наназад и' говорат дека нејзиниот сопруг е многу поубав од неа: Дали после оваа фотографија ќе се промени се'?

Точка

14/11/2017

12:52

7.266

Големина на фонт

а а а

Тој е вистински убавец, а таа и не изгледа толку атрактивно – токму вака со години наназад многумина го коментираат бракот на Хју Џекмен и Дебора-Ли Фернес.

А тие коментари умеат да ги зачинат и со “додатокот” дека таа е дури 12 години повозрасна од него. Но, очигледно е време за сите тие критики да бидат оставени во минатото.

Познатиот пар којшто е во брак од 1996-та година неодамна се појави на доделувањето на Governors наградите во Лос Анџелес. И тие, како впрочем и секогаш досега, изгледале фантастично еден крај друг, а во овој случај тие се и сосема хармонично облечени.


Актерот којшто неколку пати се бореше со ракот на кожата, со Дебора има две деца, Ава Елиот и Оскар Максимилијан Џејмен. Тој и повеќе пати има потенцирано дека има брак каков што отсекогаш посакува, како и тоа дека неговата сопруга е негова најголема поддршка. На коментарите пак дека е многу поатрактивен од неа тој воопшто не се одѕива.


А ние и навистина не ги гледаме причините коишто се кријат зад таквите критики и коментари. Продуцентката изгледа фантастично, поседува оригинален стил на облекување и неоспорна харизма. На прашањето кој е поубав на овие фотографии, ние одговараме дека гледаме еден преубав пар, и ништо помалку или повеќе...




Спонзорирани линкови

Маркетинг