Тие се уверени дека целиот свет греши: Зошто сè повеќе луѓе во Америка сметаат дека Земјата е рамна плоча?

Точка

14/11/2017

12:37

5.322

Големина на фонт

а а а

Една од првите работи кои децата ги учат на часот по географија е дека нашата планета Земја е кугла. Но, во татковината на повеќето најбизарни теории на заговор, САД, се повеќе луѓе веруваат дека Земјата е всушност рамна плоча.

Овие денови во Северна Каролина одржуваат и своја конференција, а таму ги посетила екипата на "BBC", чии новинари направиле интервју со најживописните членови и ги прашале накратко да образложат зошто веруваат дека Земјата е рамна плоча. 

Во самиот вовед, некои од нив, фактот дека Земјата е округла, го нарекле "најголема ѓаволска лага", "причина за војни" и друго. Во главно се споиле благодарение на социјалните мрежи, кои помогнале во развивање на теориите на заговор во последните десетина години, на досега невидено ниво. 

Еден од нив, со уметничко име "Happy The Artist", рекол дека дошол на конференцијата за да види дека не е сам, односно дека и други луѓе веруваат во истото нешто. 

"Мило ми е што се уверив дека тоа се нормални луѓе. Не ме разочараа, малкумина од нив пушат и малкумина од нив имаат вишок килограми", рекол "Happy" потегнувајќи од својата замотана цигара. 

Марк Сарџент е една од "фаците" на конференцијата, со оглед на тоа дека на својот ЈуТјуб канал "Flat Earth", има повеќе од 40.000 претплатници. Вртејќи во раката мал модел од рамна Земја, тој тврди дека всушност не знаеме што се крие под површината на Земјата. 

"Можеме да бушиме 8 милји во длабочина, а Земјата е дебела најмалку 50 милји. Но, немојте да ме сфаќате сериозно, јас би можел да бидам некој лудак кој неодамна излегол од институција", рекол Марк. 

Тука е и Крис Понтиус, кој се претставил како професионален уметник кој изработува модели на рамна Земја, на што бил мотивиран од едноставна причина што тоа не го правел никој друг. 

"Изгледа дека тоа е мојот повик и дека јас сум одбран", вели Понтиус.

И додека секој има право на свое мислење и уверување, додека тоа не се коси со правата и слободите на други луѓе, научните факти сепак се против овие мали, но длабоко уверени групи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг