Селекторот на Шведска изнервирано им одговори за Ибракадабра: Пак ме прашувате за играч кој…

Дерби

14/11/2017

12:24

2.762

Големина на фонт

а а а

Шведска е последната селекција која обезбеди пласман на Светското првенство во Русија и тоа откако во бараж битката славеше со Италија со вкупни 1-0. Швеѓаните победија со 1-0 во Стокхолм за да вчера издржат машки и ја сочуваат мрежата недопрена на „Сан Сиро“, а со тоа да ги остават „аѕурите“ без мундијал за прв пат по 1958 година.

Голема беше радоста на „викинзите“ по овој успех, но едно прашање на прес-конференцијата околу евентуалниот повик за Ибрахимовиќ на СП во Русија, го доведе до лудило селекторот на Швеѓаните, Јан Андерсон.

– Да бидеме искрени, Златан Ибрахимовиќ повеќе од една година не игра за репрезентацијата, а вие пак ме прашувате за него. Овде, во тимот имаме играчи кои се навистина големи, кои се вистински херои. Ибрахимовиќ кога беше во тимот, игравме друг стил на фудбал, а и мораше да се адаптираме на неговата игра. Сега играта на тимот ја поставивме на друга база и ние овој пат, демонстриравме колектив. Шведска покажа моќ на сите натпревари, а не само на овој натпревар, – дециден е селекторот Андерсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг